Ангелов: Селото Будинарци е обезбедено со тампон зона и соодветна механизација
Пожарот од пехчевскиот регион е префрлен кон беровско и во моментот гори борова шума над селото Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
– Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецот и сега огнот почна да се одалечува од селото. Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа, а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со девет цистерни, како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми. Во целиот овој регион се концентрирани уште многу сили, а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот, напиша Ангелов на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани