-->
-->
Анабела се огласи за големата трагедија
-->

Анабела низ солзи за српски „Блиц“ вели дека не може да се помири со несреќата.
-Се слушнавме пред три дена. Му го честитав роденденот. Ми вети дека ќе прославиме и ќе се дружиме. Тој доби бебе пред една недела. Си бевме поддршка, не можам да верувам дека го нема, истакна пејачката.
Таа многу тешко ја прими тажната вест, а вели дека сите се во шок.
-Сега зборував со неговата кума. Неговото семејство е во шок, не знаат што точно се случило, додаде Анабела.
Таа и покојниот пејач снимија дует насловен како „Во мракот“, по што истакна дека биле навистина поврзани.
https://
-Тој ми беше еден од најдрагите луѓе во животот. Како да ми беше сродна душа. Останавме во прекрасни пријателски односи и тие се обожуваа со мојот сопруг. Благослов е да имаш таков пријател. Тој беше анѓел. Ова што се случи е голема трагедија. Толку сум тажна, како да ми беше брат, многу го сакав, раскажа Анабела плачејќи.
Младиот пејач кој трагично настрада често го посетувал Белград и кога бил таму се сместувал кај Анабела.
-Секогаш беше драг гостин во мојата куќа. Додека сестра му се натпреваруваше за „Ѕвездите на Гранд“ доаѓаше често кај мене. Јас живеам на три минути до стутиото на Гранд, постојано минувавме време заедно. Тој беше голем човек и борец, заклучи пејачката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции