-->
-->
Американци пиеле пиво во Колосеумот, па платиле 800 евра казна
-->
– Луѓето кои патувале во Рим знаат дека алкохолот е забранет во познатите туристички знаменитости. Но, американски посетители го научиле тоа на потежок начин…
Двајца Американци неделава ги платија своите најскапи пијалаци во Рим, откако беа казнети затоа што пиеле пиво во Колосеумот. Прекршокот се случил на историското бојно поле за гладијатори.
За тоа полицијата ги казнила со 800 евра.
Иако туризмот претрпе тежок удар поради пандемијата, сепак Колосеумот е едно од најпосетуваните туристички места. Тој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и е познат по борбите со гладијатори и другите спектакли, со десетици илјади гледачи.
Во 2019 година, Колосеумот го посетиле околу 7,6 милиони луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино
-
Дали е безбедна ајварката?
-
Синдикат на судска полиција: Незадоволително ниво на безбедноста на судовите
-
Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите
-
Кои се ветувањата на скопските кандидати за градоначалници за главниот град?
-
Активности на кандидатите за градоначалници во скопските општини
-
Преглед на вестите од светот