Македонија
14. October 2025 - 13:27

83-годишник од струмичко со мотоцикл паднал на коловозот и тешко се повредил

На 13.10.2025 во 15:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Зубово, струмичко, 83-годишниот К.С. од с.Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.