Бизнис
20. November 2025 - 16:30

Синдикалната кошница намалена за 370 денари во Ноември, но сепак надминува 65.000 денари

Граѓаните пазареле поевтино во ноември. Минимална кошница е намалена  за 370 денари во споредба со октомври, што според синдикатот се должи на пониските цени на овошјето и зеленчукот во маркетите. Сепак, регистрирани се и поскапувања , а значителен скок има кај цената на јајцата.

- Јајцата за еден месец поскапеле за 39 денари, додека пак кај овошјето и  зеленчукот имало намалување, односно акции во маркетите, па граѓаните купувале на попуст.

Синдикалната кошница покажува дека на домаќинстава им биле потребни нешто над 65 илјади денари за да го поминат месецот. Повеќе од третина трошат само за храна, а остатокот за сметки, транспорт, облека, образование, здравство. Токму поради високите цени, ССМ не отстапува од барањето за зголемување на платите, а приоритет е минималната. 

-Сега наместо 500 ќе побараме да изнесува 600 евра, додава Пешевки.

Министерот за економија пак, Дурмиши неделава изјави дека зголемувањето на минимацот на 500 евра ќе ја подгрее инфлацијата, која постепено се стабилизра.

Во октомври трошоците за живот се зголемени за 4,5 отсто и според владините очекувања, до крајот на годината ќе се спушти меѓу 3,5 и 4 отсто.