Loading Video...
Свет
28. October 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

22 лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихетеровата скала  што ја  погоди  западна Труција доцна синоќа, со епицентар во близина на градот Синдирги. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изјави дека сите повредени се надвор од животна опасност. Се здобиле со полесни повреди при пад за време на потресот или при обид да скокнат од височина. Нема загинати.

Три згради се урнале, но во нив никој не живеел поради тоа што биле тешко оштетени во претходниот земјотрес во август оваа година. По главниот удар регистрани се повеќе од 100 последователни потреси од кои насјилниот достигна јачина од 4,8 степени.

Властите на Јамајка издадоа задолжителни наредби за евакуација за крајбрежните заедници пред Мелиса, најсилната бура во светот годинава да го погоди островот. Ураганот од петта категорија со ветрови над 300 километри на час носи обилни дождови и опасност од поплави и лизагање на земјиштето. Не се знае точно кога уранот ке стигне до копното.

-Луѓето што живеат тука долу - кога ќе ги погледнете брановите, можете да видите дека се креваат. Не се враќаат назад. Доаѓаат право напред. Значи, јас како човечко суштество мислам дека треба да си одат од тука долу.

Подготвени се 850 засолништа на над 20 000 луѓе.

-Очекуваме луѓе да дојдат во засолништето. Значи, ние сме подготвени. Затоа, ве молам, не плашете се. Но, запомнете, треба да ги спакувате вашите лекови. Запомнете, треба да понесете малку храна со вас бидејќи во моментов немаме во засолништето.

-Ќе биде многу тешко за десетици илјади, ако не и милиони луѓе на Јамајка. Покривите ќе бидат тестирани. Водата од поплавите ќе се зголеми. Изолацијата ќе стане сурова реалност за многумина, изјави   Нецефор Мгенди  од  Меѓународната федерација на Црвениот крст

Бурата веќе одзеде седум животи на Карибите.