Loading Video...
Свет
24. October 2025 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“предупреди дека Израел ќе ја изгуби поддршката од САД“ ако го анектира Западен Брег. Претходно, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, откако израелскиот Парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, изјави дека Израел нема да го анектира Западен Брег. Инаку Венс оствари средба и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

За Украина е неприфатлива каква и да било идеја за отстапување на дел од својата територија на Русија, бидејќи тоа е прашање што го засега нејзиниот суверенитет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференцијата на Самиотот на ЕУ во Брисел. Изјавата на Зеленски беше одговор на новинарско прашање во врака со информациите дека врз Украина се врши притисок да се согласи на „размена на територии“ со отстапување на

Донбас на Русија.  Според него, потребно е зголемување на притисокот врз Русија, а еден од начините за тоа е искористување на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина и тоа не само за хуманитарни цели, туку и за одбрана.  

Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

Патиштата поцрвенеа бидејќи милиони црвени ракови на Божиќниот Остров излегоа од средиштето на островот за нивното годишно миграциско патување до брегот на Западна Австралија. Над 100 милиони, раковите се уникатни на островот - од кој голем дел е прогласен за национален парк - и се заштитени со австралискиот закон. Миграцијата, која обично трае со денови, а раковите патуваат до океанот, каде што се парат. Женките потоа остануваат во дупки во близина на океанот за да ги изведат своите јајца, а мажјаците се враќаат во внатрешноста. Секоја женка рак може да произведе до 100.000 јајца, кои ќе ги положи во океанот.