Loading Video...
Свет
25. October 2025 - 16:32

Преглед на вестите од светот

САД и Кина ги почнуваат разговорите за де-ескалација на трговската војна која двете најголеми економии ја почнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи од 100% кои се планирани да стапат во сила од 3 ноември. 

Преговорите се одржуваат во Куала Лумпур, престолнина на Малезија каде започнува Самитот АСЕАН. Преговорите ќе ги водат главните економисти на САД и Кина, но во Куала Лумпур ќе отпатува и Трамп кој е во петдневна турнеја на далечниот исток.  Се очекува да пристигне и кинескиот претседател Кси Џинпинг кои во текот на следната недела ќе остварат и средба. 

Вашингтон и Пенкинг си ги зголемија царините еден на друг и се заканија целосно да ја прекинат трговијата со критични минтерали и технологии. Трамп очекува одличен состанок со Кси.

- Сакаме да се грижиме за нашите земјоделци, имаме многу да разговараме со претседателот Си и тој има многу да разговара со нас. Мислам дека ќе имаме добар состанок, вели Трамп.

На состанокот Трумп – Џинпинг една од темите ќе биде и Тајван – најголемиот производител на висококвалитетни чипови и полупроводници кои ги користат американските техонолошки гиганти. Кина го смета Тајван за кинеска територија, иако Пекинг нема никаква власт врз островот кој функционира како посебна држава од 1949 година.

- Па, ќе зборуваме за Тајван. Нема да навлезам многу таму, но ќе зборуваме за тоа. Нема да бидам премногу далеку. Голема почит кон Тајван.
Освен во Малезија, Трамп ќе ги посети и Јапонија и Јужна Кореја. Пред да полета од САД, одговарајќи на новинарско прашање рече дека е подготвен да се сретне дури и со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

-Би го направил тоа ако тој би контактирал, мислам дека бев, последниот пат кога се сретнав, објавив преку интернет дека доаѓам во Јужна Кореја, ако сака да се сретнеме, отворен сум за тоа. Би го направил тоа, ако сакате да го објавите, отворен сум за тоа. Знаете, тие немаат многу телефонска услуга, имаат многу нуклеарно оружје, но немаат многу телефонска услуга. Отворен сум за тоа. Имав одличен однос со него и веројатно знае дека доаѓам, нели. Ако сакате да го објавите, отворен сум за тоа, рече Трамп. 

Тарифите кои Трамп ги воведуваше во изминатите месеци направи ги нарушија глобалните економски текови. Последните царини кои ги воведе за Кина, а кои се уште не се во сила, ги турнаа светските берзи. Трамповите царини се еден вид оружје кои американскиот претседател ги користи за преговори со лидерите на државите во светот за националните интереси на САД. 

Европската Унија изготви сопствен план за одговор на кинеските потези во трговската војна со САД, откако Пекинг ги заостри контролите за извоз на ретки метали. Европските економии се силно погодени бидејќи, автомобилската и воено-технолошката индустрија, но и производството на полупроводници се зависни од кинескиот увоз. Дополнително ЕУ е силно погодена од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја отсече Европа од трговијата со горива.

Repower EU е иницијатива базирана на циркуларна економија, која ја претстави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Циркуларната економија овој пат нема цел да влијае на животната средина и климатските промени, туку ЕУ да ги искористи критичните суровини што веќе се содржани во производите што се продаваат во Европа.

- Некои компании можат да рециклираат до деведесет и пет проценти од критичните суровини и батерии. Ова значи екстракција на скапоцени суровини, намалување на отпадот и, секако, промовирање на одржливо управување со ресурсите. Покрај тоа, ќе се фокусираме на сè, од заедничко купување до складирање. Ќе ги зголемиме инвестициите во стратешки проекти за производство и преработка на критични суровини тука во Европската Унија. Ќе ја забрзаме работата на партнерства за критични суровини со земји како Украина и Австралија, Канада, Казахстан, Узбекистан, Чиле и Гренланд, вели Фон дер Лајен.

Европа подолг период мака мачи за да го пронајде своето место на глобалната економска мапа со оглед на тоа што Кина станува вториот клучен економски играч во светот, а Индија забележува голем раст и има огромен потенцијал.

- И поентата овде е дека Европа мора да ја искористи својата геоекономска тежина во своја корист и за остварување на сопствените интереси. На крајот на краиштата, ова е начинот на кој Европа може да го најде своето место во денешната глобална економија и така може да напредува во оваа нова ера на конфронтациска геоекономија, вели Фон дер Лајен.