Loading Video...
Свет
27. October 2025 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Израел ќе има последен збор околу тоа кои странски воени сили ќе можат да бидат дел од мегуанродната мисија за стабилизација на појасот Газа, изјави премиерот Нетењаху. Индоензија, Азербејџан и Пакситан досега изразиле најголем интерес да испратат војници во енклавата.

- Ние ја контролираме сопствената безбедност и јасно ставивме до знаење дека во однос на меѓународните сили, Израел ќе утврди кои сили се неприфатливи за нас - и така ние постапуваме и ќе продолжиме да постапуваме. Ова, секако, го прифаќаат и Соединетите Американски Држави, како што нивните највисоки претставници јасно ставија до знаење во последниве денови. Израел е независна држава, ние ќе се браниме сами и ќе продолжиме да ја контролираме нашата судбина, Бенјмаин Нетањаху, премиер на Израел

- Во однос на Турција, зошто сме против учеството на Турција во Газа? Затоа би рекол дека земјите што веќе сакаат да испратат вооружени сили треба да бидат барем фер кон Израел. Можеби не треба да бидат толку поддржувачки, но не треба да бидат непријателски настроени кон Израел.

Меѓународни стабилизациски сили се клучна компонента на мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната помеѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел, што треба да го отвори патот за конечна демилитаризација и реконструкција на Газа. .

Трамп пристигна во Јапонија, како дел од неговата азиска турнеја. Изјави дека со нетпрение ја очекува средбата со новоизбраната премиерка Санае Такаичи планирана за утре.

- Слушам одлични работи за неа. Мислам дека ќе биде одлична. Таа рече дека била одлична пријателка на г-дин Абе, кој е одличен човек, премиер и мој голем пријател, како што знаете. Значи, тоа е добар знак. Со нетрпение очекувам да се сретнам со неа. Отворен сум за што и да предложат, имаме одличен однос со Јапонија и ќе имаме фантастичен однос со неа. Па ќе видиме што ќе се случи, Доналд ТРамп, претсеадтел на САД.

Се очекува Такаичи да ги потврди плановите на својот претходник за заголемување на воените трошоци и инвестиции во САД во износ од 550 милијарди долари. Мината недела јапоснкиот премиер ја избра Санаи Такаичи за премиер на земјата , со што стана прават жена на оваа функција во историјата на Јапонија

Доналд трамп ја исклучи можноста да се кандидира за потпретседател на САД на изборите во 2028 година, отфрлајќи ја идејата на некои поддржувачи за заобиколување на уставните ограничувања. Според 22 амандман во американскиот устав никој не може биде претседател во три мандати. Некои предложија дека ова би можело да се заобиколи доколку Трамп се кандидира за потпретседател со друг претседателски кандидат кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател

- Би ми било дозволено да го направам тоа.но, не би сакал, не би го направил тоа.премногу е слатко. Да, би го исклучил тоа, затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето нема да им се допадне тоа, премногу е суетно. Не би било во ред.“