Loading Video...
Свет
28. April 2025 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Бројот на жртвите во експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи се искачи на 40, а повеќе од илјада луѓе се повредени, објавија иранските медиуми. Според царинската служба, експлозијата најверојатно се случи поради пожарот во магацин за опасни и хемиски супстанции. Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран. Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите.

Канадската полиција соопшти дека маж од Ванкувер е обвинет за осум обвиненија за убиство од втор степен откако џип се заби во луѓе на фестивал на филипинската заедница во саботата навечер, при што загинаа 11 лица, а десетици беа повредени, објави канадската телевизија Си-Би-Си. Претходно полицијата во Ванкувер соопшти дека верува оти инцидентот за време на уличниот фестивал во тој град не бил терористички чин.

Мажот кој е под обвнение беше уапсен од страна на полицијата на местото на настанот

По смртта на Папата Франциск, минатата недела во следниот период треба да се изврши избирање на нов Папа.  Право на глас во конклавата имаат 135 кардинали кои се помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои Колегиумот на кардинали. Околу 80 отсто од кардиналите со право на глас се именувани од самиот папа Франциск, но тоа не гарантира дека ќе изберат наследник кој ќе ја продолжи неговата визија. Кардиналите денеска ќе го утврдат датумот на конклавата за избор на нов папа

Русија ќе продолжи да ги напаѓа објектите што ги користи украинската армија, борците од други земји и воените инструктори испратени од Европа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за „Фејс д нејшн“ на американската телевизија Си-ен-ен.

Руската армија пред два дена изврши напад врз главниот град на Украина, Киев, при што загинаа 12 луѓе. Лавров истакна дека нападот рускиот напад врз станбена зграда во Киев не бил насочен кон „цивилна“ мета.

Од Вашингтон пак предвидуваат дека ова е „одлучувачка недела“ за мировните преговори за Украина. Овие надежи ги изрази американскиот државен секретар Марко Рубио, иако борбите не покажуваат знаци на смирување.