Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
Мицкоски и даде дополнителен рок до утре на коалициската Вреди за да му ги достави имињата на оние што треба да седнат во неговиот кабиент на местотo на Изет Меџити. Иако пополнувањето требаше да оди побрзо очигледо е дека меѓу партиите во албанската коалиција има разлики.
Засега, се уште како најсериозни за влез во Владата се споменуваат Беким Сали, како вицепремиер и Мухамед Хоџа, како министер за животна средина.
Предлозите треба да стигнат во Собраnието до крaјот на неделава за да се фатат роковите за првата наредна собрaниска седница планирана на почетокот од декември.
Ова е прва фаза од владините промени што се најавуваа. Втoрата промена е можна по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ идната сабота.
Она што го брифираат владини извори е дека и покрај тоа што на местото на Меџити доаѓаат двајца, сепак Вреди ќе го задржи истиот број на вицепремиерски и министерски места во Владата. Токму тоа прави проблем кај албанскиот партнер, бидејки Сали не доаѓа од партијата на Меџити, кој очекува партнерите да му ослободат уште едно министерско место, како најголем во коалицијата.
Се прават и калкулации дали Сали ќе добие и министерска позиција, или пак, некој од актуелните министри на Вреди ќе остане без министерско столче и вицепремиерско место.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
