Македонија
21. November 2025 - 19:42

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска

Три години казна затвор за првообвинетиот лекар гинекологот Мухамед Асани и забрана за вршење професија во рок од 5 години, и ослободителни пресуди за второобвинетиот Блертон Асани и третообвинетата Лилјана Јованоска, во случајот со родилката од Дебар Веапоска која при породување во Струшката болница остана без три органи.

Родилката Веапоска која најави дека ќе ја обжалат ваквата судска пресуда, задоволна од затворската казна за Мухамед но не и за неговиот син специјализант кој како што рече се учел да врши породување.

После 5 години голгота низ судските лавиринити случајот со родилката Веапоска доби разрешница. Инаку тројцата лекари кои го изготвиле супервештачењето посочија дека во досегашната кариера не се соочиле со ваков случај.