Бизнис
5. November 2025 - 16:30

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата

Влошени прогнозите за инфлацијата и дефицит на тековна сметка, подобрени за економскиот раст. Народната банка ги објави најновите есенски проекции, според кои инфлацијата годинава ќе достигне 3,9 отсто, бројка која е повисока од априлската прогноза од 3%. Следната година ќе се намали на 2,5 и во 2027 таа ќе се спушти на поскапуваните 2%. Кај храната и нафтата се очекува цените да паднат, додека кај металите, гасот и енергенсите да се зголемат. Како ризици кои можат да ја подгреат се нотирани евентуалното зголемување на платите и пензиите, ако не се согласно законот за индексација.

Дефицитот на тековната сметка, според очекувањата на Народната банка, ќе изнесува 4.2, а подобрување се очекува следните 2 години. Најавените задолжувања на домашен и странски пазар, кои ги планира Владата од скоро 2 милијарди евра, гувернерот вели дека не треба да не загрижуваат, затоа што истите се планирани.

Се додека е во рамките на планираното, поволно ќе влијаат врз економскит раст, додава Славески.

Економскиот раст годинава ќе достигне 3,5 отсто, а следната ќе забрза на 4%. Личната потрошувачка, поради зголемениот доход на домаќинствата и приватните и јавни инвестиции, заедно со кредитната активност на банките и поволните кредити од државата, се главни двигатели на растот. Банкарскиот сектор е стабилен и ќе продолжи да расте, но поумерено кај кредитирањето, а забрзано кај депозитите. Народната банка внимателно ги следи ризиците од надворешното и домашно опкружување и доколу има потреба, ќе ги преземат сите мерки за да се задржи стабилноста на девизниот курс и на цените.