Бизнис
20. August 2025 - 16:39

Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната

Трошоците за живот продолжуваат да растат. Минималната синдикална кошница во август  за 4 члено  семејство изнесува над 65.500 денари .

Во однос на претходниот месец зголемена е за 180 денари, а најголем скок на цените имало кај храната, За еден месец  речиси 400 денари  повеќе им требале  на граѓаните за да ги купат истите производи што ги пазареле и во јули.

Откако завршија владините мерки, вредноста на кошничката е зголемена за 2,800 денари , а во делот кај храната и пијалоците скокот изнесува 2,600 денари, покажуваат пресметките на Синдикатот. Сега за сега владата не планира да преземе мерки за да се спречи порастот на цените кај храната. Но ако скокот продолжи – велат дека ќе реагираат.

Третина од парите во кошницата на семејставта им одат за храна и пијалоци. Над 7. 000 за образование.

Токму во овој дел, следниот месец се очекуваат заштеди, бидејќи во тек е владината мерка - Училишна кошница.

Школски прибор по пониски цени семејствата ќе можат да купуваат до 15-ти септември. Очекувањата на владата се дека оваа мерка ќе им донесе заштеди од 800 до  2,000 денари.