Бизнис
27. August 2025 - 21:18

Еврообврзница на почетокот на наредната година

Еврообврзница од 950 милиони евра плус задолжување кај домашните банки следната година, најави министерката за финансии Кочоска. Со парите од еврообврзницата ќе се враќаа стари долгови вредни 700 милиони евра, а со останатите 250 ќе се покрива буџетскиот дефицит, кој е проектират на 3,5% од БДП.

Сепак, тие пари нема да бидат доволни за минусот во државата каса, па затоа ќе се бараат до 70 милиони евра кредити и од домашните банки.

Министерката најави дека владата наскоро ќе излезе со мерки против високата инфлација. Во моментов се  анализира дали да се намали ДДВ кај одредени  прехранбени производи, посебно кај овошјето и зеленчлукот, а се анализиараат и цените кај угоститерлските услиги, кои бележат двоцифрен раст.

За да нема поголеми финансиски оптоварувања кај граѓаните кои купуваат сопствен дом, личен став на министерката Кочоска е ДДВ да си остане со повластена стапка од 5%. Оваа антикрзина мерка беше донесена во 2010 та година, и требаше да трае 5 години.

Но неколку годишно продолжување на мерката, рокот за повластена стапка за првиот промет на станбена зграда истекува на 31 декември. Градежниците аларамираа дека ако се врати ДДВ то на 18%, цехот ќе го платат граѓаните, кои ќе купуваат поскап квадрат. Сепак, аналиизите во финасии се уште траат и конечна одлука ќе се донесе наскоро, најави Кочоска.