Бизнис
22. August 2025 - 16:40

Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор

Оне Македонија Телекомуникации, чиј сопственик е унгарски 4 АЈ ЏИ е единствената компанија која се јави на тендерот за 3 мобилен оператор.  Иако интерес за влез на пазарот покажаа три оператори, само унгарската ја достави потребната документација. Комисјата за спроведување на тендерот најави дека по евалуацијата, ќе се донесе конечна одлука, откако ќе завршат  изборите. Следниот период ќе следи евалуација утврди дека ги поседуваат бараните извештаи, по што ја најавија 2 фаза.

Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај. Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е се во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес., изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата. 

Согласно тенедерските правила, со услуги третиот мобилен оператор треба да почне најдоцна до крајот на 2026-та, односно до тогаш треба најмалку еден град да биде покриен со нивната мрежа. 

Пониски цени и поквалитетни услуги се придобивките од влезот на уште еден оператор на пазарот, вели министерот за транспорт Николоски. 
 
За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра., изјави  Александар Николоски, министер за транспорт.

Инаку 4 Ај џи за потребните 3 радиофрекфенции треба да платат 8 милиони евра. Интерес за влез на пазарот покажаа уште лани, кога го потпишаа Меморандот за соработка со нашата Влада. Во моментов, покрај во Унгарија, присутни се и во Црна Гора и Албанија.