Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
Недостига работна сила на пазарот.
Се пополнува со увоз од Непал, Бангалдеш, Индија и мал дел од Филипини. Најчесто се ангажирани во градежништвото, туризмот и производствените капацитети, каде им се нудат плати кои не ги сакаат македонските граѓани. Од Агенциите кои посредуваат за увоз на работници велат дека е тешко да се убедат работниците за 400 евра да останат кај нас. Затоа најчесто на земјава гледаат како транзит за влез во Унијата.
- За жал дел од работниците кои дојдоа во Македонија, заминаа, затоа шо им се ветуваше премногу, а добија премалку. Мора да им се каже дека Македонија не е Ел дорадо, Вие треба да ги убедите да работат за 400 - 450 евра плата, која е далеку под нивото на балканските кои им се даваат, Бугарија им дава плата по 800 евра, Србија е на слично ниво – до 750, Албанија предничи во последно време. Ние им посредувавме за вработување на 67 работници од Индија за работа во фабрика и плата од 750 долари месечно, изјави Зоран Кочоски, агенција за посредување на работна сила во земјава
Од друга страна пак, македонците одат на печалба во странство. Сезонски биле ангажирани од 22 до 25 илјади работници. За плата најмалку двојно повисока од просечната во земјава.
- Околу 14,000 се ангажирани во Хрватска, околу 500 во Грција, има секоја година во Бугарија што одат во туристичката сезона - тоа се околу 400 лица, и мал дел во Црна Гора и Германија. Секоја година бројкие на сезонски ангажираните лице с едвижи околу 22,000 до 25,00 лица, додава Кочоски.,
Додека македонците заминуваат во странство, ние ги убедуваме странците да останата кај нас . Колку точно влегле во земјавата годинава, не се знае, затоа што законот не е соодветен и ги брои и лицата со привремен престој или по други основи. Според проценките на Кочоски, бројакат е околу 350 до 400 лица, ладе не спаѓаат работниците ангажирани во градежништвото, затоа што извведувачот сам посредува и сам ги носи. . Решение на прболемот со недостиг од кадар, според Кочоски треба да се бара во измени во законот за работни односи
- Под итно треба да се смени визијата- каде Македонија ќе ја гради иднината. Без визија од кои националности ќе се бараат кадри, кои се дефицитарни професии за кои ќе треба да се донесе кадар, ништо не правиме, додава Кочоски.
Со недостиг на работна сила се соочува цела Европа. Токму увозот на работници ја спасиле економијата во еврозоната, придонеле компаниите да го прошират производството и да одговорат на зголемената побарувачка по пандемијата, изјави претседателката на Европската Централна банка, Кристин Лагард.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар