ЗНМ: Министрите да се воздржат од изјави кои се сфаќаат како закани или етикетирање
Здружението на новинарите на Македонија смета дека јавните функционери, особено министрите, треба да се воздржат од изјави кои што на било кој начин може да се сфатат како закани или како етикетирање на медиумите. Приниципиелно, таков начин на комуникација не може да влијае на професионализацијата на медиумите.
-Вицепремиерот Бујар Османи говорејќи за скандалот во ПИОМ се закани со тужби до сите медиуми кои овој скандал го поврзуваат со функционери на ДУИ. Напоменуваме дека работа на медиумите е да истражуваат и изразуваат сомневања за сите функционери, без разлика од која партија доаѓаат, а владините претставници, во случајов вицепремиерот кој е задолжен за евроинтеграциите, треба да се воздржат од закани со тужби во духот на слободниот говор за кој декларативно се залагаат, се вели во денешната реакција на ЗНМ.
Евентуалните недоразбирања, посочуваат од здружението, треба да се решаваат по пат на транспарентност и отвореност, а не со закани за тужење.
ЗНМ реагира и на изјава на министерот Роберт Поповски каде се сугерира дека во ТВ Алфа има влијание на структури од претходната власт.
-Сметаме дека коментари со кои на политичка основа се етикетираат медиуми, не придонесуваат за подобар медиумски амбиент и европски вредности.
Од ЗНМ апелираат до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди и потсетуваат дека телата за саморегулација и јавноста може да ценат за професионалноста или непрофесионалноста на медиумите и начинот на кој тие работат и известуваат.
-Сите граѓани, а меѓу нив и функционерите и министрите, ги охрабруваме, преку овие тела да овозможат подигање на стандардите на медиумите, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите, истакнуваат од Здружението на медиуми.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини