Македонија
30. November 2024 - 16:36

Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување

По шелтер центарот, жртвите на семејно насилство од Струмица добија и куќа за отворено домување или куќа на половина пат. Се работи за општински простории кои локалната самоправа ги додели на граѓанскиот сектор кој работи во оваа област. Куќата за отворено домување треба да биде место во кое овие лица ќе се ресоцијализираат и повторно инегрираат во заедницата. Со отстапувањето на овој објект општината го затвора синџирот за помош на жртвите од семејно насилство.

Куќата за отворено домување во наредниот приод ќе биде адаптирана за лицата за кои е наменета, а според најавите од здружението Скај плус во неа може да се сместат три семејства. Тие тука ќе може да престојуваат од 6 до 24 месеци во зависност од нивните потреби и процесот на ресоцијализација.

Освен здружението Скај Плус кое раководи со шелтер центарот во кој годишно престојуваат по 30 тина жртни на семејно насилство, свои простории во објектот што го отстапи општина Струмица ќе има и фондацијата Елеуса.