Жител на струшко Мороишта загина во сообраќајка кај охридскиот аеродром

Триесет и седумгодишниот Благоја Р. од струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Струга во близина на охридскиот аеродром.
Според полицијата, несреќата се случила околу 21:15 часот во близина на бензинската пумпа „Бесјани“, а до несреќата дошло кога Благоја управувајќи го патничкото возило „Киа“ со струшки таблички во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола врз автомобилот и со предниот дел удрил во метална канделабра и ограда со бетонски столбови. Од силината на ударот, возилото се превртело на покривот и излетало надвор од патот.
Во тешка состојба повредениот бил префрлен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител на местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полицијата, а сообраќајот за време на увидот е со наизменично регулирање на сообраќајот.
Врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција, како и дополнително вештачење врз патничкиот автомобил.
Ново на Сител
-

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште
-

Фајненшл тајмс: Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки
-

Распишана потерница за осудениот за Ласкарци
-

Мерц: Малку е веројатен пробив неделава за мировниот договор за Украина предложен од САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски на 4. Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа
-

Пепи Велков ја донесе втората победа за Македонија на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби
-

Сослушан сведок во случајот „Геријатрија“, судењето продолжува на 5 декември
-

Две дојави за бомби на концертот на Девито во Скопје
