Спорт плус
24. November 2025 - 15:15

Пепи Велков ја донесе втората победа за Македонија на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби

Уште една победа за македонските кикбоксери на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби. 

По Силвио Мировски и Пепи Велков извојува победа против Лакрами Берноуси Ајуб со 3:0. 

Ова е последната борба денес за македонските репрезентативци, утре се очекува поголем број од нашите борци да земат учество но тоа ќе се знае по вечерните ждребови.