Живот
24. March 2017 - 11:40

Жена во змиска кожурка: Кожата и отпаѓа секое утро, со ужасната болест се бори 33 години

Денот кога е родена, лекарите предупредија дека нема да живее подолго од неколку часа. Нусрит Шахен (33) која сите ја викаат Нели, има на себе дебели слоеви кожа поради што изгледа како вонземјанин, а некои ја нарекуваат и жена - змија.

На раѓањето таа можела да умре од гушење, но нејзините родители не можеле да го дозволат тоа. Бидејќи веќе три пати губеле деца поради истата состојба, ги молеле лекарите да се борат за нејзинот живот.

Сега кога има 33 години, Нели е најстаро лице на светот кое боледува од пореметување наречено харлаквин ексијосис, поради кое кожата и расте десет пати побрзо отколку кај нормалните луше. Во Велика Британија има вкупно 25 вакви лица.

За да може таа да остане жива мора редовно да посетува лакар и да има пилинг четири часа дневно. Но Нели не дозволува тоа да ја попречува.

Таа секогаш им пркосела на очекувањата и сега има исполнет живот како спортски тренер. Нели одлучи својата приказна да ја раскаже во документарецот: Нели: Жената со змиска кожа.

Пореметувањето од кое таа страда предизвикува создавање дебели слоеви од кожа кои потсетуваат на оклоп или на змиска кожа. Лицата им делуваат растегнато, како и устата и очите, а рацете понекогаш не им се гледаат под слоевите кожа.

Foto: Profimedia/Caters News

Ова довело до тоа медиумите да се изживуваат нарекувајќи ја „жената со змиска кожа“, но таа сака да се дистанцира од тие нечувствителни етикети.

Секој нејзин ден е вистинска борба за живот. Наутро цел час се мокри во када со вода, а кога ќе стигне негователката таа и помага да ја симне мртвата кожа од себе.

Поради тоа што често кожата и се одновува, таа е многу подложна на опасни инфекции.

-Не е лесно да се живее со ваква состојба, но јас сум позитивна и се трудатм да не ја гледам негативната страна. Сакам да излегувам и да уживам во животот, рече таа.

При раѓањето лекарите и дале само 20 отсто шанси за опоравување, но таа денеска работи како тренер во локалното основно училиште.

Foto: Profimedia/Caters News

-Мојот прв работен ден беше многу стресен. Децата беа многу внимателни. Еден или двајца се исплашија, но на крајот го надминаа тоа, рече таа.

Нели има секојденевна поддршка од своето семејство и пријатели. Живее со својот брат, неговата сопруга и децата.

Сака да оди на козметички третмани и маникир со своите внуци. Исто така се придружува до едноставна мантра која ја води низ животот: „Живеј го животот целосно“.