-->
-->
Зградата на МНР осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина
-->

Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
- Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности, напиша Османи на фејсбујк.
Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари 2022 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
