Македонија
7. February 2023 - 13:17

Згмечен работник на „Комунална хигиена“ - камионот возејќи во рикверц удрил во бетонски ѕид

На 06.02.2023 во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, товарно возило „форд“ на ЈП „Комунална хигиена“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(55) од Скопје, движејќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа.

На металната конструкција од возилото стоел работникот М.П.(34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.