Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
Ако не се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години ,неминовно ќе биде зголемување на ДДВ-то и другите даноци. Претседателот на Фискалниот совет вели дека состојбата во ПИОМ е неодржлива на долг рок, а обврска на советот е да препорача како да се надмине состојбата. Од буџетот следната година во ПИОМ ќе се одлеат 850 милиони евра, или половина од сумата за исплатата на пензиите. Овие пари мора да се обезбедат, а единствен начин е или покасно во пензија, заедно со повиоска стапка на данокот за пензиско или повисоки даноци.
Од Владата пак велат дека за сега не размислуваат да ја зголемат старосната граница за пензионрање, но ја анализираат состојбата и бараат начини за стабилизирање на Фондот за ПИОМ.
Препораките на Фискалниот совет не се обврзувачки, вели Бишев. Какви политики ќе преземе власта за стабилност на јавните финансиии ќе зависи од нив самите. Сепак, на среднорочен рок, според Бишев, ќе мора да преземе некакви мерки,. Во меѓувреме, ваквите предлози на Советот, синдикалниот лидер ги оцени како несериозни и загрижувачки. Без вољата и потребата на работниците, не може да се продолжува нивниот работен век .
- Вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд, на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, вели Трендафилов.
- Наместо да се зголеми, старосната граница треба да се скрати и да дозволи пензионирање со навршени 40 години стаж за мажи и 35 за жени, предвремено пензионирање , бенефициран стаж за градежниците и вработените за дејности кои работат во тешки услови , старосна пензија по возраст или стаж, обезбедувување можност за докуп на стаж,смета Трендафилов.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар