Ракомет
15. February 2016 - 8:22

ЛШ - жени: Триумф на Будуќност и прво реми за Ростов Дон

Ракометарките на европскиот шампион Будуќност во дуелот за првото место од групата 2 од ЛШ на домашен терен го совладаа унгарски Ѓер и останаа на првата позиција, додека во групата 1 Ростов Дон го „загуби“ првиот бод оваа сезона во Лигата на шампионите откако одигра нерешено на гостувањето во Унгарија кај ФТЦ.

Резултати од 8.коло:
Група 1: ФТЦ - Ростов Дон 29:29, Турингер - Ларвик 20:28, Флери - Баја Маре 17:18.
Табела: Ростов Дон 15 бодови, ФТЦ 10, Ларвик 8, Баја Маре 8, Флери 6, Турингер 1.
Група 2: Савехоф - Митјиланд 32:24 и Будуќност - Ѓер 25:22.
Табела: Будуќност 13, Ѓер 11, ЖРК Вардар 8, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 2.
 
Последниот натпревар од оваа рунда утре го играат Букурешт и македонскиот првак ЖРК Вардар. Почетокот на дуелот е во 18 часот.