Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што се одржа во Брисел, во седиштето на НАТО Алијансата.
Во рамките на сесијата посветена на југот, во присуство на кралот на Јордан, Абдула Втори, министерот Муцунски, во име на нашата држава и земјите од регионот, Албанија, Хрватска и Црна Гора, ги пренесе ставовите за важноста која Алијансата ја дава на овој значаен регион за НАТО, особено на Јордан како близок партнер на Алијансата. Министерот ја истакна потребата од поблиска соработка во справувањето со заедничките предизвици и закани, како што се тероризмот и одржувањето на стабилноста во регионот. Тој ја акцентира важноста од отворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Аман, што ќе даде нов поттик во односите помеѓу НАТО и Јордан, како и дополнителна вредност за развојот на партнерските односи со земјите од Јужното соседство.
Министерот Муцунски се обрати и на Советот НАТО – Украина, на кој учествуваа новиот министер за надворешни работи на Украина, Андри Субиха, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Маја Калас. Во своето обраќање, министерот ја потенцираше важноста од продолжување на поддршката што земјите, индивидуално и заеднички во рамките на Алијансата, ја даваат на Украина.
Тој ја истакна нашата недвосмислена определба за севкупна поддршка на Украина во нивната борба за обезбедување на мирот, независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот. Притоа, ја нагласи потребата од реализација на реформските напори на Украина, преку имплементација на зацртаните приоритети што ќе овозможат целосна интероперабилност со земјите членки на НАТО, со цел понатамошна евро-атлантска интеграција на земјата.
Ново на Сител
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
69-годишна жена загина, дете се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка