Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина извршила тестови на нови ракети од сопствено производство.
Зеленски во „Телеграм“ напиша дека добил извештаи од војската за резултатите од ракетните тестови.
– Можеме да им се заблагодариме на нашите украински производители на ракети. Го забрзуваме производството. Одржав состанок со Генералштабот. Главното прашање беа извештаите односно договорите за нашето производство на оружје во Украина. Значајна количина нови и долгорочни нарачки за беспилотни летала: дронови FPV, како и извидувачки дронови, дронови со долг дострел и ракетни дронови. Одделно и внимателно – за нашата ракетна програма. Развој, нарачка, испорака – напиша Зеленски, цитиран од Укринформ.
Во август, Зеленски рече дека Украина го извршила првото тестирање на балистичка ракета од домашно производство.
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
