Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
Алармантно расте бројот на пријави за семејно насилство, за две години СОС линијата регистрирала скок од над 70 отсто. Психичко, физичко и комбинирано насилство се на врвот на оваа статистика а центарот за социјални работи и полицијата се први кои реагираат по пријава. Најголем број пријави биле од Скопје.
Од националниот совет за родова рамноправноста оценуваат дека во Македонија расте свеста за спречување на насилството врз жените.
Во голем процент овие жртви добиле институционална разрешница но пред се соодветна психолошка поддршка. Во текот на оваа година, најмлада жртва на насилство е 16 годишно девојче. Жртвите се уште се плашат од стигмата, па најчесто случаите ги пријавуваат нивни блиски преку СОС линијата. За поефективно справување со насилниците од националниот совет велат дека е потрбно да се донесе закон за задолжително пријавување по службена должност.
Недостигаат легла во сместувалиштата, во Македонија има околу 60тина а солагласно истанбулската конвенција потребно е да има повеќе од 180 низ целата држава.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
