-->
-->
Заврши сеидбата на оризот
-->
Земјоделците од регионот на Источна Македонија ја завршија сеидбата на оризовата култура во општиималниот временски период. Насеани се вкупно 2.500 хектари под ориз, помалку за половина од планираните површини пред стартот на сеидбата. До рестрикција на површините дојде поради сушниот период од годината и немањето доволни количини акомулирана вода во акумулацијата „Калиманци“ за планирање на површини за сеидба од 5.100 хектари.
- На рестрикција на површините се определивме навреме за да не дојдеме во ситуација насеаните површини под ориз во текот на вегетацијата да не можеме да ги наводнувме. Тоа ќе значи пораз на оризопроизводството во регионот, но и наш неуспех. Вака навреме ја согледавме состојбата со акомулираните количини вода и годишниот план за сеидба го намаливме речиси за половина, истакнува Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Според Гоцев, сеидбата на оризовата култура заклучно со вчерашниот ден целосно е завршена на површина од 2.500 хектари во атарите на Кочанско, Виничко, Штипско и Свети Николско, за што се искористени проточните води од реките Кочанска, Оризарска, Зрновска, Злетовска и Брегалница, а на почетокот на месецот и водите од левиот и десен магистрален канал од Хидросистемот „Брегалница“.
Директорот Гоцев информираше и за појавата на несовесни земјоделци нивните веќе одбиени за сеидба на ориз да ги полнат со вода копајќи канали и зафаќајки ја водата незаконски од Кочанска и Оризарска река. Ваквата појава е регистрирана од нивна страна и известени надлежните републички органи.
За површините посеани со ориз кои не се планирани за наводнување со Годишниот план за наводнување во 2017 година (изменет) водостопанските инспектори се излезени на терен за извршување на инспекцискиот надзор за користење на водите, и за сите утврдени прекршоци сторителите ќе бидат санкционирани, согласно одредбите од Законот за водостопанство, наведува Гоцев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука