Заврши првата фаза од реновирањето на градинката „Сончоглед“

Во градинката „Сончоглед“ во Кисела вода заврши првата фаза од реновирањето на објектот. Од Општината информираат дека се финализирани градежните зафати кои опфатија промена на ламинатот на површина од 800 квадратни метри, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон со глетување на ѕидовите.
За реализацијата на овие реконструктивни зафати, Општина Кисела Вода вложи околу 900.000 денари. До крајот на 2017 година ќе тече и втората фаза која ќе овозможи санација на тоалетите, а веќе во третата фаза која е предвидено да се реализира во 2018 година, ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.
Објектот на градинката “Сончоглед” згрижува 260 дечиња. Се наоѓа на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода и е дел од ЈДГ “Весели Цветови”. Датира од 1975 година и во него досега немало некој покрупен реконструктивен зафат.
Ново на Сител
-

Промовиран Ресурсниот центар за развој на општините
-

Стразбур почна постапка по жалбата на Јанкулоска
-

Судот ги одби жалбите, Паунов и Димитриев остануваат во куќен притвор
-

Власта ќе формира анкетна комисија во Собранието за сите несреќи
-

Мицкоски по апсењето на Аца Лукас: Строго и внимателно ќе се следат настапите на естрадните уметници
-

Евроскептицизмот кај младите - Дебата во Собранието
-

Утре стратегијата за образование 2026-2032 година ќе биде објавена на ЕНЕР - Јавноста ќе може да дава предлози
-

20-месечно дете од Прилеп починало во кичевската болница
