Евроскептицизмот кај младите - Дебата во Собранието
Скептицизмот кај младите дека Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија го вклучи алармот, барем во Законодавниот дом. Пратеници од младинскиот клуб, експерти и млади дебатираа – како да се убедат младите дека е можно Македонија да влезе во европското семејство.
Ова доаѓа по публикацијата на Институтот за добро управување која укажува дека речиси половина од младите не веруваат дека Македонија некогаш ќе стане дел од ЕУ.
Корупцијата, билатералните спорови и ниската доверба во институциите се најголемите причини зошто сакаат европски плати, вредности и услови, а за кои веруваат дека нема да ги добијат дома.
- Она што тие го бараат како млади луѓе е борбата против корупцијата, којашто се случува, но сакаат да видат многу повеќе зашто тоа најдобриот начин како да ја вратат довербата во своите институции, а со самото тоа и во европскиот пат. Понатаму, други мерки и методи што значат нивно вклучување на агендата на македонските институции, но и на европските институции, кои во партнерство можат и верувам дека согласно овие препораки ќе ја променат за брзо работата и дека навистина ќе се направи нешто што ќе нѐ даде и како држава и како институции пример на европско ниво, вели Бојан Кордалов од ИДУЕП.
За враќање и за задржување на младите во земјава, државата во предлог-буџетот предвидела 1,13 милиони евра. Пари кои ќе легнат на сметката на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Но, без детали за што точно ќе се бидат наменети овие средства.
- Имаме износ предвиден од повеќе од 1 милион евра, што значи дека со овие средства ќе направиме еден вид на кампања со којашто ќе можеме да ги мотивираме нашите умови да се вратат во Република Македонија, и тука да работат и да живеат. Но, и ставка којашто ќе се однесува на задржување на младите во Република Македонија.
Младите се незадоволни од владеењето на правото, борбата против корупцијата и селективната примена на правдата. Оваа перцепција, како што се вели во истражувањето на ИДУЕП, не само што ја поткопува довербата во домашните институции, туку го ослабува и чувството на припадност на младите кон сопствената држава.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
