Се реконструира плоштадот Крушевска република
Градежните работи за реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република стартуваа, додека повторно тендер за избор на изведувач за изградба на катната гаража ќе биде распишан на крај на месецов или почеток на декември бидејќи на првиот повик ниту еден од понудувачите не ги исполнувал критериумите.
Тони Иваноски, раководител на Секторот за комунални дејности појасни дека за проектите кои се реализираат со средствата од унгарскиот кредит, Владата распиша оглас, кој траел до 12 септември, а одлуката по однос на проектите кои што ги доставиле општините завршила на крајот од септември.
20% од средствата кои ќе се реализираат во 2027 година се однесуваат за доплата на завршување за изградба на катната гаража и на проектот за мониторинг и управување за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
