Македонија
24. November 2025 - 19:52

Промовиран Ресурсниот центар за развој на општините

Сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат општините ќе се решаваат со експертка помош преку Ресурсниот центар кој го промовира Министерството за локална самоуправа. Градоначалниците преку една точка ќе можат да остваруваат поголема меѓусебна соработка, да креираат програми за развој, а од следната година ќе им биде достапна и ажурирана база на даночни обврзници за да се детектираат должниците. 

Премиерот Мицкоски ги повика градоначалниците на сите општини да ги искористат поволностите кои ги нуди ресурсниот центар и да побараат експертска помош онаму каде им е најпотребна. 

За градоначалниците овој центар е можност за поквалитетно менаџирање со локалните самоуправи, особено што промоцијата доаѓа на крајот на годината, кога се кројат и општинските буџети. 

До 15-ти декември отворен е и јавниот повик на министерството за ангажирање експерти кои ќе бидат дел од новата база на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините.