Македонија
31. March 2022 - 18:33

Затвореник од КПУ „Идризово“ си подигал кредити со туѓи лични податоци

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризиво во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Во периодот од јануари до април 2021 година, пријавениот довел во заблуда лице од Штип и ги прибавил неговите лични податоци со кои електронски креирал кориснички профил на негово име на веб страни на повеќе финансиски друштва и аплицирал за кредити. Парите од финансиските друштва биле уплатени на трансакциската сметка на оштетениот, кој повторно бил доведен во заблуда и парите ги подигнувал и по такси возач ги предавал на лице од Крива Паланка. На тој начин пријавениот причинил материјална штета од 97.500 денари.