Македонија
22. November 2024 - 16:54

За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши

Кога економијата се подобрува, треба да се штеди., кога има криза, повеќе да се троши. Тоа е правилото за да имаме понизок буџетски дефицит и јавен долг. Во моментов,  со сите доспеани , а неплатени обврски јавниот долг надминува 70%, иако прагот е  60 осто. .Според анализите на  Фајнанс Тинк., изминативе години  постојано сме го кршеле правилото, се водело експанзивна  политика и  долгот годишно се зголeмувал за 7 отсто   . 

За 2025  имаме буџетски дефицот од 4% и економски раст од 3,7%. Има простор да се работи во делот за структирни  консолидации. Тоа се делот на субвенции и транфери, во делот на социјални политики и кај платите, изјави Благица Петрески, извршен директор на Фајнанс Тинк

Министерката за финaнсиии се сомнева во објективноста на бројките., поради незнаење на институциите да ги евидентираат расходите. Како пример ја посочи исплатата на социјална помош.

Кога прашав во Мистерството за социјална политика дали имаат евиденција и дали знаат колку пари прима едно лице, таму ми кажаа дека немаат евиденција и дека едно лице по разни основи може да прима и до 60.0000 денари. Па каде го има тоа! Дали е ова нормално? вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоскано, од 100 илјади невработени, 56% се приматели на социјална помош. Ова е неприфатливо, изјави Гордана  Димитриоска Кочоска, министер за финани. 

Неодржливо за еден буџет е постојано да се префрлаат милиониски суми  за да се покријат дупките во Фондот за здравствено и пензиско осигуруивање, велат од  Фискалниот Совет. Мора да се постави горен лимит над кој нема да може да се префрлаат пари

Во моментов 30% од буџетот оди во Фондот за пензиско. Со зголемување на пензиите, следната година ќе надмине 37%, Тоа е неодржливо, Мора да има консолидација, вели престедателот на Фискалниот Совет, Глигор Бишев
 

За поголем економски раст,неопходни се структурни реформи , предвидливи фискални политики и примена на среднорочните фискални стратегии,. За таа цел минситерката најави дека ќе се менува  Законот за буџети, но ќе се следат и јавните финансии, така што нема да може минситрите сами да одлучуваат на што ќе ги трошат парите. 
Наташа Мерсовска