Македонија
22. November 2024 - 16:54

Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска

Во понеделник министерот за здравство го чека извештајот од стручниот надзор за смртта на 5 годишното девојче, кое на 5 ти ноември почина на Детска. За истиот случај Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше недостатоци бидејќи како и за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце, било утврдено дека специјализанти дежураат без надзор од специјалист а уште поалармамтно е што издавале и извештаи без потпис и печат. Клиниката заработи парична казна и има рок од 8 дена да плати. 

- Неможе да има извештај без потпис и печат, тоа е неважечки. Ако се случило тогаш треба да биде казнет оној кој издал без потпис и печат, вели Арбен Таравари, министер за здравство. 

Казната од ДСЗИ и забелешките за дежурствата на специјализантите ги подели во ставовите здравствените власти. На една страна е Државниот санитарен и здравствен иснпекторат според кој е незаконски некој да работи без времени лиценти и без надзор од специјалист. Министерот, Таравари, пак, на иста  линија како директорот на Детска – состојбата ја наследиле и системски проблеми кои траат со години не можеле да се надминат за утврден рок.

- Да зборуваме отворено, ова се проблеми кои траат 10, 15 години колку и што траат проблемите со недостиг на кадар. И јас сум дежурал и како специјалист и како специјализант, сме биле заедно со специјалистите, а на детска, имало и специјалисти и специјализанти, вели Таравари. 

И додека Таравари го чека извештајот од стручната Комисија, од ДСЗИ најавуваат вонредни контроли и во останати болници и клиники за организацијата на дежурства и работењето на специјализантите.