Преглед на вестите од светот
Хиперсоничниот ракетен напад на Украина беше предупредување за Западот дека Русија остро ќе одговори на секој украински напад со американски и британски ракети на локации на руска територија истакна Путин. Шефот на Кремљ, дециден- Русија има право да користи оружје против воените објекти на земјите кои го користат своето оружје против Русија.
- Регионалниот конфликт во Украина предизвикан од Западот се здоби со елементи на глобален. Сметаме дека имаме право да го користиме нашето оружје против воени објекти на оние земји кои дозволуваат нивното оружје да се користи против нашите објекти. А во случај на ескалација на агресивни дејствија, ќе одговориме исто толку решително и симетрично. Им препорачувам на владејачките елити на оние земји кои подготвуваат планови да ги искористат своите воени контингенти против Русија сериозно да размислат за ова“ изави Путин.
А руското минситерството за надворшеи работи откри дека скороотворената американска воздушна база во Полска е на списокот на приоритетни цели за потецијално уништување. Според портпаролката МАрија Захаров базата во Резиково се смеата за важен воен објект на Западото за вооружување на Украина.
- Ракетната одбранбена база во Полска одамна е додадена на листата на приоритетни цели за потенцијално уништување, што, доколку е потребно, може да се изврши со широк опсег на напредно оружје“.
Полскиот премиер Доналд Туск вели дека војната влегува во одлучувачка фаза. Заканата од глобален конфликт, рече утрово, е сериозна и реална.
- Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Ова сите го знаеме, чувствуваме дека се наближува непознатото. Никој од нас не го знае крајот на овој конфликт, само знаеме дека моментално добива многу драматични димензии. Настаните во последните неколку дена покажуваат дека оваа закана е навистина сериозна и реална кога станува збор за глобален конфликт“.
Во вчерашниот напад врз Днипро, руската армија тестираше еден од најновите нејзни ракетни системи со среден дострел , балистичката ракета Орешник. Оршеник може да носи нукеларна боева глава и поминува 2,5 до 3 километри во секунда. Украинскиот претседател ги повика созјузните на остра реакција. Путин ја ескалира сиутаицјата и ја прекрушува Повелбата на ОН..Свеотот мора да реагира веднаш апелираше укрианскиот претседател во обајава на ИКС. За вторник е закажан ссотокак помегу НАТО Украина. Соединиетите држави и НАТО порачаа дека новара руска ракетаа нема да ги одврати од поддршката за Киев а Кина ги повтори апелите за смиреност и воздржаност од сите страни.
- Се разбира, сериозно ќе ја сфатиме реториката што доаѓа од Русија, но нашиот фокус останува на вооружување на Украина и поддршка на Украина со она што и треба“.
Поради опасност од нови руски ракетни напади, украинскиот парламент ја откажа денешата седница.
.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар