Затворен објект во гостиварско, приведени шест лица
Вчеравечер 2/3 октомври од 23 до 3 часот, полициски службеници на СВР Тетово во содејство со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во угостителски објект, сопственост на З.Б.(47) од гостиварски Добридол, а лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово. При контролата било утврдено дека во објектот не се почитувале протоколите за работа и мерките за справување со "ковид-19", поради што сопственикот на објектот е лишен од слобода и ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за "непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". Тој, исто така, се однесувал и агресивно кон полициските службеници и ги навредувал и омаловажувал, за што исто така ќе биде поднесен соодветен поднесок.
При контролата во објектот биле затекнати и пет странски државјанки(танчерки), од кои три од Република Албанија и две од Република Косово, на различна возраст од 26 до 45 години, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Објектот е затворен од страна на Државен пазарен инспекторат.
Ново на Сител
-
АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани