АХВ уништи небезбедно месо, јајца и бои за јајца
Агенцијата за храна со засилени контроли пред Велигден. Уништи 1,230 килограми небезбедно месо, преработки и подготвки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други производи. Прекршителите ги казни со 3.650 евра.
Во пресрет на празници, кога е зголемена побарувачката на храна, од АХВ алелираат - внамително од каде купувате.Пазарете само од регистрирани оператори на храна и читајте го рокот на употреба.
Најголем дел од граѓаните сметаат дека во големите маркети се продава безбедна храна. Сепак, внимаат на рокот на употреба.
За производите кои се продаваат на пазарите и малите дуќанчиња, граѓаните повикуваат на засилени контроли.
Инспекторите од АХВ неделава констартирале нелегална трговија и спречиле пласирање небезбедни јајца и бои за јајца. Се чувале во нессодветни услови и со тоа се небзебдени за консумација. Засилени и вонредни констроли најавија и за следната недела.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар