Запалени и уништени 66 контејнери во Скопје во првите девет месеци од годината
Вкупно 66 контејнери во Скопје се запалени и целосно уништени во првите девет месеци од годинава, соопшти денеска Град Скопје.
Оттаму заедно со јавното претријатие „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го оставаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.
– Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие, истакнуваат од Град Скопје.
Кабастиот отпад како стар мебел, електрични и електронски апарати апелираат да не се фрла на јавните површини и да не се остава до садовите за собирање комунален отпад.
Кабастиот отпад, велат од Град Скопје, може да се остави во центрите за селекција на отпад во Карпош и Вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари и за оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола