Законот за финансиска поддршка на инвестициите наскоро во владина процедура
На следната владина седница се очекува да биде ставен на разгледување Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој ги повика пратениците да дадат поддршка за законот откако тој ќе ја помине владината процедура и ќе биде испратен на усвојување во Собранието на Република Македонија.
- Ги повикувам сите пратеници да го поддржат овој закон за да може што поскоро компаниите да го користат и на најтранспарентен начин да им овозможиме да имаат предвид што можат да добијат за да ги зголемуваат своите капацитети, но и за да донесеме нови инвестиции, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата на која беа презентирани мерките за поддршка на микро, малите и средни претпријатија.
Ново на Сител
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот