УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
Мултимедијалниот центар при штипскиот Универзитет е домаќин на 4-тиот Интернационален студентски конгрес по медицина, со учество на предавачи и гости од Србија, Словачка, Португалија и Бугарија. Целта на тридневниот настан е студентите да имаат можност да се запознаат со најновите трендови во медицината, да воспостават меќународни контакти со своиите колеги и да се подготват за идните предизвици во здравствениот сектор.
- Ова е еден настан кој ги обединува сите студенти по општа медицина од сите генерации, настан на кој ентузијазмот, идеите и знаењето на студентите доаѓа до израз и се надевам дека оваа традиција и понатаму ќе продолжи, изјави Марија Дарковска Серафимовска, продекан за настава на Факултет за медицински науки, УГД- Штип
- Овој настан е одраз на академската посветеност, истражувачкиот дух во секој од нас и секако стремежот кон унапредување на медицинската наука, изјави , продеканка
- Добивме голем број апстракти од различни области на клиничка медицина, меѓутоа имаме апстракти и од базичните медицински науки. Ова за студентите и за нашиот факултет претставува афирмација и за нашиот Универзитет, но и можност за остварување на соработка со други медицински факултети од земјите од регионот и Европа, изјави
Ова е афирмација и за „градот под Исарот“ како академски центар кој ги надминува границите на источниот регион.
- Може да се мотивираат младите да го трасираат патот кон успешноста, патот кон образованието кое треба да го развива нашиот град, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Конгресот нуди богата програма со предавања од реномирани професори, панел-дискусии и интерактивни сесии, кои опфаќаат актуелни теми од медицината и здравствената заштита.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар