Бизнис
15. May 2025 - 16:44

И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците

Корисниците на социјална помош ќе можат да работат, без да ја изгубат помошта. Се крои ново законско решение, каде ќе им се овозможи на  корисниците  ако се вработат уште една година да  примаат државна помош.  Потоа, надоместокот ќе им биде укинат, најави министерот за социјала Лимани. По најавите на владата  дека е потребно  прочистување на списокот, затоа што имало многу  злоупотреби , па помош примале и починати и иселени лица, се работи на ново решение. 

- Во идниот закон, јас лично сметам дека со тек на време, една година да бидат корисниците на социјална помош истовремено во работен однос и приматели на помошта. Потоа, со тек на време, по една година работа, помошта да им биде укината, изјави Лимани, министер за труд

Во моментот третина од невработените  лица се приматели на социјална помош, односно од 95,500 невработени, над 33 илјади семејства примаат помош од државата Дел од нив и покрај тоа што се работоспособни -  или не сакаат да работат , затоа што веднаш ќе им биде укината помошта или пак работат на црно. Основицата на помошта изнесува од 4,000 денари за едночлено семејство до 10,000 денари за домаќинство со 5 члена. Од Бизнисот велат  дека мора да се стави ред.

Додека тие бараат работници од странство, невработени одбиваат работа, само заради помошта. Бараат да се примени  искуството од другите земји, како во Германија на пример, каде  корисниците на надоместок – ако ја одбијат работата која им се нудин, државата веднаш ги брише од системот, однсно  автоматски имс е укинува помошта.  Очекуваат со прочистен список да  се намали и сивата економија , како и  да се знае приближно активниот број на невработени лица.