Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во Европската унија.
– Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и по кои критериуми земјите стануваат членки, апсолутно им е јасно дека Украина не исполнува ниту еден од поставените критериуми. Таму нема ништо: нема демократија, транспарентен судски систем, антикорупциско законодавство, рече Захарова за Спутник.
Според неа, „приемот на Украина во ЕУ им е потребен не на обичните граѓани на Унијата, туку на европските бирократи кои спроведуваат политики не земајќи ги предвид интересите на земјите-членки“.
– Додајте ја на тоа и тешката ситуација на европската економија, економијата на ЕУ, и ќе го добиете соодветниот резултат, заклучи Захарова.
МИА
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
