Загрижувачки податоци животни пред истребување
Животинските видови масовно исчезнуваат, и тоа во целиот свет. Тоа се доста загрижувачки сознанија, сметаат експерти од „Стенфорд” и Националниот автономен универзитет на Мексико.
Истражувањето е прво од ваков вид, а спроведено во толкав обем - набљудувани се над 27.000 ’рбетници низ целиот свет. Резултатите покажуваат дека дури 30 отсто од тие животни са загрозени, и потребни се итни мерки против нивно истребување.
Меѓу најзагрозените се облачниот леопард, тигарот и мраморната мачка, која најчесто се среќава на Индокинескиот Полуостров.
За забрзаното влошување е одговорен човекот, пред се. Доколку тој тренд продолжи, 70 отсто од видовите посочени во студијата, ќе исчезнат до крајот на ова столетие.
Промените во населеноста кај животинскиот свет веќе ни предизвикува штети и нам, и воопшто - на екосистемот, а натамошно биолошко уништување ќе значи уште посериозни последици за Земјата и човештвото.
Ново на Сител
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош