Заев - Кити: Со бугарското претседавање, се отвораат вратите на ЕУ и за Македонија
Италија останува цврсто на ставот дека вратите на ЕУ и НАТО се отвораат и за Република Македонија и заради нагласената главна определба на Бугарија како следен претседавач на ЕУ, земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, да бидат во приоритетите на следното проширување на Унијата, му предочија денеска на премиерот Зоран Заев претставници на италијанскиот Сенат.
Италија е за интергација на Западен Балкан во ЕУ и останува силен афирматор и поддржувач на стратегиските цели на Македонија - членството во ЕУ и НАТО, беше речено на средбата во Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата на италијанскиот Сенат ја предводеше претседателот на сенатската Комисија за политики на ЕУ Ванино Кити, а на средбата присуствуваше и амбасадорот Карло Ромео.
- Ја поздравуваме континуираната поддршка на Италија за Македонија и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. За Македонија е од исклучително значење долгогодишното и искрено пријателство со Република Италија. Тоа е особено беше изразено со поддршката во периодот на осамостојувањето и во сите клучни фази од процесот на евро-атлантските интеграции на нашата земја, рече премиерот.
Во текот на разговорот беше потенцирано дека се особено значајни контактите меѓу Собранието на Република Македонија и двата дома на италијанскиот Парламент, посебно за аспирациите на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ.
Заеднички интерес на двете земји, подвлекоа соговорниците, е и развојот на Коридорот 8 како еден од клучните проекти од годинашниот Самит во Трст.
- Искрената соработка и заемната доверба на високо ниво дава резултати и во економската соработка. Тоа го потврдува фактот дека Италија е меѓу петте најзначајни економски и трговски партнери на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни