Традиционален првомајски пикник
Ракија, зелка, скара. Излетничките места во Скопје преполни за Денот на трудот. Граѓаните го искористија слободниот ден за традиционален првомајски пикник.
Сител направи обилколка низ градот. На патот накај Марков манастир имаше колони возила уште рано наутро, но атмосферата која владееше ги оправда гужвите. Од двете страни на реката, толпа граѓани со софри уживаа во сонцето и пријатната температура.
Преовладуваше мирисот на скарата. Веселата музика придонесе за видно расположени скопјани.
Колони од автомобли беа паркирани и на Водно. Дел од граѓаните уживаа со софра на летниковците, други го искористија денот да спортуваат. Гужви имаше и кај жичарата.
Полн беше и Градскиот парк. Сонцето ги примами граѓаните да прошетаат и да уживаат во слободниот ден.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар