Заев: Го усогласивме ставот согласно препораките на Венецијанската комисија
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата пред Венецијанската комисија настапува со усогласен став направен согласно препораките Комисијата за Законот за употребата на јазиците, коишто целосно се почитуваат. Вицепремиерот Бујар Османи го презентира ставот денеска пред Венецијанската комисија.
Заев, кој денеска беше во посета на Волково, кажа дека ставот е целосно усогласен и оти нашиот одговор на препораките на Венецијанската комисија го изработиле Министерството за правда и неговиот кабинет и Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
-Секако целото ова усогласување е согласно укажувањата на Венецијанската комисија кои треба до крај да ги испочитуваме. Тоа беше наше ветување уште кога го донесовме Законот за употреба на јазиците. И таму каде што Венецијанската комисија кажува дека тоа ќе наруши одредено друго право, кое исто така е врвно право, како што е правото на правда, секако треба да обрнеме внимание на тоа, рече премиерот додавајќи дека треба целосно да се почитуваат укажувањата на Венецијанската комисија.
Ново на Сител
-
Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем
-
Африм Фидани нов претседател на Врховниот суд, Иван Џолев од Кривичен се сели во Апелација
-
Обвинителството ќе ги контактира пациентите и семејствата на починати кај чии медицински истории беше утврдено несовесно лекување
-
Државата да не губи време кога ќе добие аларм за исчезнато дете
-
СДСМ и министерот Тошковски за тендерот за полициски униформи
-
Вината на Монтеко го освојуваат светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции