Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки
Во присуство на бројни граѓани и спортски ентузијасти, синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски свечено го отвори новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки.
Новиот парк претставува дел од поширокото парковско зеленило, заедно со уште два претходно изградени парка во околината, со што се заокружува вкупна зелена површина од 20.000 метри квадратни, само во оваа населба. На настанот, во употреба беше пуштено ново повеќенаменско игралиште, изградено со финансиска поддршка од компанијата ВЛТ, како и ново одбојкарско игралиште.
Новото игралиште е посветено на прерано починатиот Драган Крстев, верен член на „Комити“, а теренот беше отворен симболично со натпревар помеѓу „Комити” од Драчево и од Кисела Вода.
- Вечерва заедно со жителите на населбата 11 Октомври – Бараки отвораме нов спортско-рекреативен центар, со што оваа урбана заедница добива ново зелено и мултифункционално јадро. Со овој парк, и со претходно изградените два парка во близина, општина Кисела Вода добива нови 20.000 квадратни метри парковска површина – инвестиција од огромно значење и за здравјето на жителите и за социјалната кохезија, бидејќи парковите се воедно и белите дробови на градот и простори за заедништво и активен живот, рекол Ѓорѓиевски, соопшти Општина Кисела Вода.
Дополнително, во непосредна близина е изградено и одбојкарско игралиште, со што се прошируваат можностите за спорт и рекреација за младите и сите жители.
- Создавањето на вакви центри за спорт и рекреација, кои веќе ги имаме преку 20, е наша визија и заложба што ја реализираме веќе 3.5 години. Би потсетил дека во оваа населба, во рамки на мојот мандат, беа направени и 1450 метри фекална канализација, а целосно ги реконструиравме и улиците „Петар Драпшин“ со краците, „Ефтим Спространов”, “Лазар Димитров”, “Лав Tолстој“..., рече градоначалникот.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите кои помогнаа проектот да стане реалност, и посебно до комитите од Драчево и Кисела Вода кои ќе го отворат теренот со симболичен ревијален натпревар.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот